Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје денеска ќе организира тркалезната маса по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, на која ќе учествува и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
По повод две децении од Рамковниот договор, АД Македонска пошта издаде поштенска марка, која денеска во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ја промовираат првиот вицепремиер Груби и директорот на Пошта, Јани Макрадули.
Охридскиот рамковен договор — договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001.
Охридкиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година а потписници се Борис Трајковски (тогашен претседател на Македонија), како и претседателите на политичките партии, Љубчо Георгиевски (ВМРО-ДПМНЕ), Бранко Црвенковски (СДСМ), Арбен Џафери (ДПА) и Имер Имери (ПДП).
Гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници Франсоа Леотар, претставник на ЕУ и Џејмс Пердју, претставник на САД.