Полетаа трите српски и уште еден македонски хеликоптер кои ќе ги гасат пожарите во Пехчевскиот регион. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар, информира утрово директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој полета со еден од хеликоптерите, кон Пехчево, каде пожарникарите и локалните жители уште се борат со огнената стихија.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на социјалните мрежи објави дека, доколку мрежата е добра, ќе се обиде да се вклучи на ФБ во живо за да овозможи да се види како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух.
„По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар. Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух“, напиша Ангелов на Фејсбук.