ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Раст на новозаразени, активни 955 ковид-случаи, 560 од нив се во Тетово и Скопје

August 6, 2021 06:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со секојдневниот пораст на нови позитивни на Ковид-19, од вчера се активни 955 случаи во земјава. Пред еден месец беа 130 активни во целата држава (Скопје со 54 и Тетово со 14), а од 955-те во вчерашната статистика, 285 се само во Тетово и 275 во главниот град. Од шест регистрирани на 5 јули, статистиката за 5 август бележи 219 нови случаи.

Тетово и Скопје вчера имаа ист број новозаразени, по 65, а двоцифрени нови случаи имаа и Куманово (20) и Гостивар (19). Триесет пациенти се оздравени, а починале четворица – од 61 до 76 години. По Скопје и Тетово, висок број активни случаи имаат и Куманово (90), Гостивар (84), Битола (38), Дебар (29), Струмица (27), Кичево (23). Десет градови немаат активни на Ковид-19.

Епидимиолошката служба на тетовскиот Центар за јавно здравје оцени дека за само еден месец од регион со спорадични случаи, Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19 и се очекува бројот на новозаболени да расте уште повеќе.

-На 6 јули имаше шест случаи на домашно лекување, а сега има околу 220 во градот Тетово. Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи. Генерално, новите случаи не се вакцинирани. Од овие 220, само десетина имаат примено вакцина, изјави д-р Сузана Субашиќ, раководител на епидемиолошката служба.

Зголемениот број се должи на непочитување на мерките и протоколите, а инфицираните се од семејни прослави и потоа од ширење на контактите. Многу од заразените се дојдени од западните земји, појасни  епидемиологот Субашиќ,  кои по престојот во државава се тестираат за да може да заминат во земјите каде што работат.  Голем дел од нив се млади лица и  често се инфицирани, но без симптоми.

Во Тетово има и најмногу хоспитализирани болни од Ковид-19. Од вкупно 105 во целата држава, во тетовската клиничка болница лежат 32 пациенти – шест повеќе од претходниот ден.

 

На Инфективната клника во Скопје има 20, исто толку во гостиварската болница и десет во Општата болница во Куманово. Во болницата во Струмица има седум пациенти, шест во Прилеп, по четворица се хоспитализирани  во Битола и Штип и по еден во болниците во Велес и Струга.

Надлежните апелираат за помасовен одѕив за вакцинирање како единствен начин да се надмине епидемијата во која од почетокот т.е. од минатиот февруари до сега бројот на ковид-дијагностицирани достигна 156 926, а  починаа 5501 луѓе.

Министерството за здравство соопшти дека  заклучно со средата вакцина примиле 519 106 граѓани, а со две дози се имунизирани 409 186.  Барем една доза вакцина досега примиле 65 отсто од населението над 70 години, 62 отсто од лицата над 65 години, 57 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 47 проценти од граѓаните над 50-годишна возраст.

Непречено се одвива теренската вакцинација во помалите населени места и руралните средини. За вакцина не е потребно закажување термин, освен за деца од 12 до 17 години за кои пријавувањето е на веб-страницата vakcinacija.mk./МИА/.

 

Next Post

Пристигна дел од конвојот од Австрија кој ќе помага во гасењето на пожарите

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk