ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Најкритично во Малешевијата, постои опасност огнот да се прошири кон Бугарија, најавена помош од Романија

August 7, 2021 07:30
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пожарите не стивнуваат, а најкритична е состојбата во пехчевско и беровско. Постои закана, огнот да се прошири и кон Бугарија. На тој потег со пожарите се борат над 350 луѓе, но ветрот им ја отежнува работата. Се прават пресеци со градежни машини, се заоруваат ниви и необработливи површини, се сечат дрвја се со цел да се спречи понатамошното интензивно ширење, информираат од ЦУК.

Вчера доцна попладнето беа испратени три хеликоптери од кои еден македонски и два српски кон беровското село Мачево, каде ситуацијата со пожарот беше многу критична и имаше опасност огнот да зафати неколку куќи.

– Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско/делчевско/беровско) сè додека има доволно дневна светлина, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на „Фејсбук“.

Тој подоцна информира дека пожарот од реонот на Пехчево се префрлил и во беровско, каде гори борова шума над село Будинарци.

– Дежурни екипи со подршка на локалното население се распоредени околу село Будинарци, напиша вечерва директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.

– Селото е добро обезбедено со тампон-зона и соодветна механизација и опрема. Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецот и сега огнот почна да се оддалечува од селото, додаде Ангелов.

Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа, а во непосредна близина се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со девет цистерни, како и дополнителна опрема и луѓе од „Национални шуми“.

Во целиот овој регион се концентрирани уште многу сили, а вчера попладне дејствуваа и три хеликоптери кои денеска рано наутро продолжуваат со гаснење на пожарот.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, вчера изјави дека за спас на селото Мачево биле вклучени голем број на луѓе, вклучително и противпожарни служби од Словенија, Австрија и Бугарија.

– Огнот е веднаш до асфалтот во селото и навистина без поголема поддршка истиот нема да бидеме во можност да го изгаснеме. Истовремено, пожар е активен и над село Будинарци и истиот се наоѓа на 500 метри воздушна линија, изјави Пекевски за МИА.

Тој додаде дека пламените јазици во Мачево вчера се префрлале од село Робово, кое беше меѓу најкритичните точки зафатени со пожарите во Малешевијата.

Претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, вчера ги посети припадниците на Армијата во Оперативниот центар на Првата пешадиска бригада во село Тработивиште, Делчевско, кое беше едно од најкритично зафатените подрачја од пожарите во државата.

Пендаровски рече дека во овој регион во изминатите 4-5 дена има најмногу пожари и затоа и најголем дел од армиските единици се концентрирани тука.

– Ние имаме околу 250 војници на Армијата на Република Северна Македонија, кои ќе останат тука додека има потреба. Ако има потреба ќе донесеме и повеќе луѓе. Мислам дека во овој момент, во таа човечка смисла, сме добро екипирани, имаме поддршка и од други институции, се разбира, не е само Армијата, и со заеднички напори мислам дека ја држиме ситуацијата под контрола се додека тоа е неопходно, додаде  Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја нагласи важноста од укажаната помош и поддршка од Бугарија, Словенија, Австрија и Србија.

Во државата од 2 август избувнаа петнаесетина поголеми пожари. Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски изјави дека времето и условите за гаснење на пожарите се исклучително тешки. Според него, како исклучително тешки се уште остануваат пожарите во делчевскиот и пехчевскиот регион – Нов Иствник, Пасјак, Трботивиште и Разловци.

– Јачината на ветерот е 60 километри на час и сето тоа отежнува и придонесува да не може да се дејствува и да се спречи пожарното дејство, изјави Стојановски, кој потенцира дека исклучително тешка е состојбата и во Пехчево и се дејствува во месноста викана Бајаз Тепе, Црник, Мачево.

Тој нагласи дека на тој потег дејствуваат некаде над 350 луѓе, потпомогнати масовно од локланите жители на Пехчево, но состојбите се уште не се под контрола.

– Можно е пожарот да избега во правец на Република Бугарија. Со сигурност не можеме да кажеме. Правиме напори за вклучување на дополнителни хеликоптери за да можеме барем тој појас да го заштитиме и оневозможиме продирање на просторот на територија на Република Бугарија, вели Стојановски.

Потешки пожари, на непристапни места, има и во Прилепско кај селата Дрен и Смолани. Огнот кај Топлица, како што информира ЦУК, се држи под контрола и очекувањата беа до синоќа да се неутрализира целосно.

Стојановски соопшти дека се изгаснати пожарите во кумановско Бељаковце, во Валандово, Погана и Ранковце.

Мапа на активни и локализирани пожари вчера до 17 часот според податоци од Центарот за управување со кризи.

Вчера доцна попладе, во 17:30 избувна нов пожар во непосредна близина на населната Дурутовец, кај автопатот Велес-Штип во близина на велешката Градска депонија за комунален смет. На 15 пожарникари ветрот им ја отежнуваше борбата со огнената стихија, но тие сепак успеаја да го изгаснат пожарот околу 21 часот.

Пожарите во штипскиот регион се локализирани. Пожарникарите кои интервенираа во селото Доброшани веќе се повлечени, изјави вчера за МИА командирот на смена во ТППЕ-Штип, Пане Тимов.

Пожарот започна завчера попладнето од светиниколското село Богословец и во текот на ноќта се рашири во правец кон селото Доброшани, каде што веќе е локализиран. Во селото Богословец изгореа стари куќи, земјоделска механизација, зафатена е голема површина на сува трева и помала пoвршина борова шума.

Вчера, по писмено барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите, Романија донесе одлука да испрати авион за гаснење на пожари со поголем капацитет, соопшти Министерството за одбрана.

Ова е уште еден позитивен одговор од НАТО сојузничка земја, по реакцијата на министерот за одбрана на Словенија која испрати пожарникари и противпожарни возила во опожарените подрачја низ Северна Македонија и по помошта што ја испрати соседна Бугарија, стои во соопштението од Министерството за одбрана.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на нејзиниот официјален фејсбук-профил изрази благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалното население вклучени во гасењето на пожарите кои зафатија делови од земјава со порака за будно следење на состојбата и почитување на упатствата од власта.

– Тажни од ужасните слики од пожарите низ целата земја. Наша благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници за нивните храбри напори. Тие се вистински херои. Ве молиме, бидете будни и следете ги упатствата од властите, напиша на Фејсбук амбасадорката Брнз./МИА/.

Next Post

Пожарот кај Будимирци стивнат, селото е безбедно

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk