ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: КЗБ предлага нови мерки во Тетовско, состојбата со ковид-19 сериозна, Заев на терен, порача да ги спречиме сите ризици кои предизвикуваат пожар

August 7, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести предлага нови мерки против Ковид-19 во Тетовско.  Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

МЗ: Вакцина вчера примиле 13.137 граѓани, досега 533.386 вакцинирани. Со последните бројки, како што се посочува, 65 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Заев го прекина одморот, на терен е во Будинарци со Филипче и Шекеринска. Деновиве, на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија, пишува на профилите на социјалните мрежи на премиерот Заев.

Заев: Да внимаваме сите и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

Пожарот кај Пaсјак под контрола, активни уште десетина пожари. Состојбата во атерот на селата Црник, Умлена и Чифлик од вчера од попладневните часови е стабилна и на сите места има распоредено екипи за контролирање на опожарените површини.

Заварувал ограда и предизвикал пожар кај ОХИС, кривична пријава за лице од Кавадарци. Во врска со пожарот за кој на 05.08.2021 околу 16.30 часот беше пријавено дека настана во кругот на фабрика на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, во кој беа опожарени покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице, по ивршениот увид, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица беа повикани повеќе лица.

Шекеринска: Армијата успеа да организира хеликоптерите кои гасат пожари, да полнат гориво во близина на кризните точки. Уште рано утрово, армиските хеликоптери веќе се активни во источниот регион, напиша Шекеринска.

Политичкиот пироман Мицкоски седи на страна, саботира, одмага и се обидува да профитира од пожарите – велат од СДСМ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изгубија парламентарните избори токму заради ваквото некрофилско однесување, а граѓаните ќе ги казнат и на локалните избори“, се вели во партиското соопштение.

Климата на Балканот ќе биде уште полоша: Климатолозите имаат црни предвидувања. Многу експерти се согласуваат дека овие пожари се само една од последиците од климатските промени кои брзо ги менуваат условите за живот на нашата планета, вклучувајќи го и Балканот, кој, според климатолозите од регионот, вакви лета како ова кое едвај го преживуваме, но и уште полоши, не чекаат во годините кои доаѓаат.

 И. Т. З. 
Next Post
https://cleanroomtechnology.com/

АХВ: Италијански кремови и бази за сладолед се повлекуваат од пазарот поради присуство на етилен оксид

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ