Армијата успеа да организира сите хеликоптери вклучени во гасењето на пожарите да полнат гориво во близина на кризните точки каде што се гаси – со тоа ќе се скрати времето помеѓу две дејствувања и ќе се зголеми количината на исфрлена вода, брзината и ефикасноста во операциите, пишува на Твитер профилот министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
„Уште рано утрово, армиските хеликоптери веќе се активни во источниот регион“, напиша Шекеринска.
Во текот на вчерашниот ден, министерката објави дека Романија ќе авион со голем капацитет за гасење .
„Нова поддршка од НАТО сојузниците во справувањето со пожарите – Романија испраќа авион со голем капацитет за гасење. Благодарност до романскиот министер Николае Јонел Чука што реагираше веднаш на моето барање ова утро.“, напиша министерката на Твитер.