„На импровизиран хелиодром хеликоптерите слетуваат, полнат гориво, успеваат во близина да обезбедат вода од акумулациите и веднаш можат да се вратат на терен. Тоа многу го крати времето за интервенција“, напиша Шекеринска.
Командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Стојко Пејовски порача дека со ова поставување се скратува времето на дејствување од скопскиот аеродром, воздухопловите остануваат блиску до теренот и циклусите на земање на вода и доведување на водата до опожарените подрачја драстично се скратуваат.
„Јас сум многу горд на тоа што го направивме и се надевам дека и понатаму ќе можеме навремено, брзо и поефикасно да реагираме. Состојбата во моментов е под контрола, ние досега имаме реализирано голем број на налети на сите воздухоплови и продолжуваме понатаму“, рече полковникот Пејовски.
Припадниците на воздухопловниот ВИНГ на терен ги поздрави и премиерот Заев и изрази голема благодарност за нивниот извонреден придонес.