ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Награда од 10.000 денари за 300 лица од кои најмногу се пожарникари, Град Скопје ќе ја додели истата сума на 194 пожарникари

August 8, 2021 12:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Благодарни сме им на пожарникарите, но и на војниците, полицајците, доброволците, институциите и на сите оние кои прават се’ да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик. Како благодарност за пожртвуваноста и посветеноста, Владата донесе одлука за доделување парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои најголемиот број се пожарникари.

Дополнително, Градот Скопје и повеќе општини низ државата ќе им доделат парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што учествуваат во гаснењето на пожарите низ државата.


Имаме систем кој функционира а како држава уживаме меѓународен углед, имаме пријатели и во регионот и во Европа кои ни помагаат и солидарноста ја покажуваат на дело, поим што е непознат за Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Во изминатите четири години континуирано работиме на подобрување на социо-економската положба на пожарникарите, безбедноста и здравјето на нивните работни места, на зголемување на капацитетите, набавка на нова опрема.

Од декември 2020 година платите на пожарникарите во Скопје, Валандово, Делчево, Неготино и во многу други градови се зголемени за околу 20%.

Во просек основната плата на пожарникарите е зголемена од 4.500-6.000 денари. Новиот правилник за пресметка на платите на пожарникарите во Град Скопје гарантира повисоки приходи и ја исправи неправдата што Коце Трајановски и ВМРО ДПМНЕ им ја нанесоа во годините кога спомениците им беа поважни од човечкиот капитал.

Противпожарна единица Берово, која е една од најпогодените деновиве, токму пред два месеца доби четири нови противпожарни возила, како и опрема за пожарникарите.

Неодамна, за прв пат во земјава е набавено специјално противпожарно возило со скала, што, за жал, беше критикувано и проблематизирано од неодговорната ВМРО-ДПМНЕ.

Секако свесни сме дека има уште многу работа, дека има недостиг на пожарникари и возила и работиме на промена на состојбите. Со новиот закон за пожарникарството социјалните партнери (синдикатите, Владата и локалните самоуправи) заеднички ќе креираат решенија што ќе значат уште подобра социо-економска положба на пожарникарите.

Со помош на пожарникарите, војниците, полицајците и доброволците и со поддршката од нашите сојузници, ќе се избориме со бројните пожари во државата. Потоа ќе се посветиме на санирањето на последиците, покривањето на штетите, пошумувањето, но и на отстранувањето на системските проблеми кои се пројавуваат во вакви случаи.

Пожарите ќе се изгаснат, но не и бесрамните обиди за профитирање и политички поени при вакви несреќи од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Останува фатот дека со парите што ги фрлија на само еден објект од Скопје 2014, како Триумфалната порта, можеа да се набават нови возила и нова опрема за сите пожарникари.

Уште еднаш се покажа разликата а тоа допрва ќе се види, луѓето се најсилниот капитал на нашето општество, рече Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Next Post

Филипче: Зголемен притисокот врз болниците, пациентите од Тетово ќе се праќаат во Скопје

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk