„Знае некој од кога детски одморалишта во Крушево се именувани Талат Џафери и Амди Бајрам?“, прашува Твитер корисникот „Локумче #Апсаана“. Користено е лажно внесување податоци во Гугл Мапс, за да се „докаже“ дека детските одморалишта во Крушево се навистина преименувани. Во текот на само 2 часа твитот е споделен од петнаесетина други корисници, повеќето лажни профили и дел од пропагандистичката машинерија блиска до политичката партија Левица, ноторно познати по ширење лажни вести и напади на оваа мрежа.
Како „доказ“ за прашањето во Твитот, се приложува наводна мапа со преименуваните одморалишта, од каде наводно се гледа дека две од нив го промениле името во „Талат Џафери“ и „Амди Бајрам“, починатиот пратеник на Сојузот на Ромите.
Оваој твит во текот на само 2 часа е споделен од петнаесетина други Твитер корисници, поголем дел од нив лажни профили и дел од дигиталната пропагандистичка машинерија блиска до политичката партија Левица. Твитот е споделен и од Јована Мојсоска, висока функционерка на оваа партија и една од најактивните на социјалните мрежи.
Всушност, се работи за тенденциозна манипулација и несолена шега, која се користи за поттикнување на меѓуетничка омраза, а е направена преку внесување на лажни податоци, односно наводните нови именувања на „Гугл мапс“.
Извор: ЦИВИЛ Медиа