ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Ангажирани 644 полицајци за пожарите во изминатото деноноќие, ЦУК претстави нов систем НИКС, лажни профили блиски до „Левица“ повторно шират лажни вести

August 9, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 644 полицајци. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека биле реализирани и 222 мото патроли, при што се користени 205 возила.

Центарот за управување со кризи на денешната прес-конфернеција го претстави системот НИКС (Следна генерација на систем за командување), што претставува посебен систем за командување во итни ситуации, којшто всушност ги дигитализира сите податоци од терен, со цел да бидат регистрирани во централата од кадешто раководи со состојбите Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.

Објава шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Поради сета горенаведена аргументација Вистиномер оценува дека е невистинито изнесеното во постот, дека коронавирусот е лажна пандемија и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, „пресметала да заврши во 2025 година“.

Топлото време и високите температури ќе продолжат и во наредните денови. До крајот на неделава ќе биде сончево и многу топло со натпросечни температури кои ќе надминат 40 степени.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека е правилна одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга. Сметаме дека со овие кандидати, како што нагласи, ќе бидеме апсолутни победници на локалните избори на 17 октомври оваа година, додаде тој.

„Знае некој од кога детски одморалишта во Крушево се именувани Талат Џафери и Амди Бајрам?“, прашува Твитер корисникот „Локумче #Апсаана“. Користено е лажно внесување податоци во Гугл Мапс, за да се „докаже“ дека детските одморалишта во Крушево се навистина преименувани.  Во текот на само 2 часа твитот е споделен од петнаесетина други корисници, повеќето лажни профили и дел од пропагандистичката машинерија блиска до политичката партија Левица, ноторно познати по ширење лажни вести и напади на оваа мрежа.

М. Миткоска

Next Post

БиоНТек очекува приход од над 15 милијарди евра благодарение на вакцината против Ковид

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk