Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски на терен учествува рамо до рамо со противпожарните екипи кои се борат со огнената стихија во малешевијата.
На видео снимката поставена на социјалните мрежи се гледа како градоначалникот Пекевски, во работна облека, заедно со другите е дел од екипата која придржува противпожарно црево.
Коментарите околу ангажманот на градоначалникот под објавеното видео, се позитивни и во насока на поддршка на Пекевски.
Во општина Берово сè уште е активен пожарот на потегот Будинарци-Митрашинци каде што гори борова шума. Во текот на вчерашниот ден интервенирале: АРСМ 22 припадници, ПП Австрија 60 припадници, ПП Словенија 45 припадници, Месно население 15 и Останати субјекти околу 60 лица, информираат во извештајот од Центарот за управување со кризи.
Ј. Ѓорѓиоски