ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За патување во Кипар и понатаму во зелената категорија земји, не постојат никакви ограничувања за нашата држава

August 9, 2021 15:32
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и понатаму е во зелената категорија земји на Министерството за здравство на Кипар и условите за патување на островот се непроменети, односно не постојат никакви ограничувања, не е потребен ниту негативен тест, ниту карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Како и досега, земјите се поделени во три зони во зависност од епидемиолошката слика – зелена, портокалова и црвена и за секоја од нив важат посебни правила, а во новата категоризација што стапува во сила во четврток на 12 август, промени има за шест земји.

Поконкретно, согласно „Процената на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“ објавена денеска од Министерството за здравство на Кипар, Хрватска, Шведска и Србија од зелената преминуваат во портокаловата листа, Естонија, Либан и Израел од портокаловата сега се во црвената категорија, а за нашата земја нема промени.

Во првата (зелена) категорија, односно „земји со ниска опасност”, нашата земја е заедно со уште 17 држави: Австрија, Бугарија, Германија, Латвија, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Чешка, Лихтенштајн, Норвешка, Австралија, Јордан, Канада, Нов Зеланд и Сингапур и за државјаните на овие земји, не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

Како што веќе има објавено МИА, од 22 јули 2021 година Северна Македонија, е во зелената зона, откако беше преместена од втората, портокаловата категорија.

Од земјите од регионот само Бугарија е во зелената категорија, а Србија, Грција и Босна и Херцеговина се во портокаловата, додека пак Албанија и Црна Гора во последната, црвена зона.

Во однос на вакцинираните посетители, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт.

Потребно е и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В, Синофарм или Синовак.

Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е, 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/ .

Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека категоризацијата на земји, е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат, секоја седмица.

Next Post

По пожарите волци слободно шетаат на нивите во Малешевијата

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk