ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Белоруските власти го укинаа Белорускиот ПЕН центар

August 11, 2021 13:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
Активистот и геолог Нина Багинскаја пред полицаец во Минск. Фотографија од корисникот Википедија ya_gulyayu, CC0 1.0.

Активистот и геолог Нина Багинскаја пред полицаец во Минск. Фотографија од корисникот Википедија ya_gulyayu, CC0 1.0.

Share on FacebookShare on Twitter

На 9 август, Врховниот суд на Белорусија пресудил да се затвори Белорускиот ПЕН центар. ИФЕКС, глобалната мрежа за одбрана и промоција на слободата на изразување, информираше за реакцијата на Меѓународниот ПЕН центар, асоцијација на организации на писатели од над сто земји низ целиот свет.

Како реакција на веста, Џенифер Клемент, претседателка на Меѓународниот ПЕН центар, побара да се преиначи одлуката:

„Заедницата на ПЕН остро го осудува затворањето на Белорускиот ПЕН центар. Тоа што белоруските власти го затвориле Белорускиот ПЕН центар на годишницата од оспорените претседателски избори претставува трагично потсетување на илјадниците нарушувања на човековите права со кои се соочува храбриот народ на Белорусија во последните месеци, како и нивната решеност да се справат со лошата ситуација. Заедницата на ПЕН искажува поддршка за Белорускиот ПЕН центар и сите граѓани на Белорусија кои неуморно продолжуваат да се борат за своите права. Ги повикуваме белоруските власти веднаш да ја преиначат одлуката за укинување на Белорускиот ПЕН центар, како и под итно да ги почитуваат правата на слобода на изразување, слобода на здружување и мирен собир.“

Белоруските власти започнаа брутална пресметка со опозицијата, граѓанското општество и независните медиуми по оспорените претседателски избори кои се одржаа на 9 август 2020 година.

Според официјалните резултати, со тие избори Александар Лукашенко по шести пат се врати на функцијата претседател на Белорусија. Од тогаш, властите имаат затворено над 35.000 луѓе од кои стотици се подложени на мачење и малтретирање.

Европската Унија смета дека тогаш беше извршена изборна измама и воведено санкции против режимот на Лукашенко.

Од јули 2021 година, белоруските власти ја ескалираа кампањата на брутални напади против независните медиуми и граѓанското општество, приведувајќи десетици новинари и затворајќи над 100 организации за човекови права и други граѓански организации, меѓу кои и Белорускиот ПЕН центар.

Белорускиот ПЕН центар е основан 1989 година и е примен за членка на Меѓународниот ПЕН во мај 1990 година на 55-тиот меѓународен конкрес на ПЕН, одржан во Мадеира, Португалија.

Во изјавата објаавена на 10 август 2021 г., членовите на Белорускиот ПЕН центар посочуваат дека „се гордееме со нашата работа, нашите пријатели, партнери и волонтери“.

Меѓународниот ПЕН упати повик до белоруските власти под итно да ја прекинат кампањата против слободите на изразување, здружување и мирно собирање, барајќи безусловно ослободување на сите граѓани на Белорусија кои се затворени за искажување на сопствените мислења, како и прекин на пресметката со граѓанското општество.

извор: МЕТА

 

Next Post

(ВИДЕО) Хеликоптер полни вода од Вардар кај Карпош 4, да ги гаси пожарите во Скопско

Shortcut

Најново

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk