ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни пожари во село Раовиќ, на потегот меѓу Барово и Вешија, под контрола тие кај Дивље и Крушија

August 12, 2021 18:02
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На потегот меѓу селата Барово и Вешија избувнат е пожар на мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума. Станува збор за непристапен терен, а во моментов интервенират две теренски возила, една цистерена на Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Неготино со шест пожарникари, четири цивилни лица волонтери, едно теренско возило, четворица пожарникари од ТПЕ од Кавадарци и теренско возило и пет вработени од ШС Демир Капија. По барање на градоначалникот на општина Демир Капија ангажирани се и два армиски хеликоптери, соопшти на денешна прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица Вучкова.

На редовната прес-конференција за активните пожари во земјава до 17 часот, В чкова информира дека се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, во општина Сарај. -Повторно на три-четири места се забележува чадење на самиот срт и по сртот на планината Осој, рече портпаролот на ЦУК.

Пожарот кај село Дивље и село Крушија е ставен под контрола. На одредени места се забележува чадење.

Веќе е изгаснат пожарот што избувна во текот на утринските часови на месноста викана Градишче, атар на село Владимирово. Опожарена е мала површина на мешана шума и сува трева, а на терен поради контрола е останата екипа на ШС Малешево од Берово со едно теренско возило со цистерна и четворица вработени.

-Пожарот на градската депонија Виница во место викано Лесковски пат е веќе локализиран, но не и целосно ликвидиран. Во текот на денешниот ден ЈП „Солидарност“ од Виница врши покривање со земја на самата депонија, рече В чкова.

Ставен е под контрола пожарот, кој избувна меѓу селата Матејче и Виштица, каде гори сува трева и грмушки. Интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Појава на пожар на отворен простор има и во атарот на село Отља, кон село Матејче. Во гаснењето на овој пожар се вклучени тројца пожарникари со противпожарно возило, четворица полицјаци од ПС Матејче, како и 30-тина граѓани од село Отља. Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума.

извор: МИА

Next Post

Попладневен преглед: Секнаа ли парите од Будимпешта за ТВ Алфа? Првите фингерпринт апарати на 25 август, нов образовен концепт веќе од септември

НАЈНОВО

Скриншот

САД и Јапонија потпишаа рамковен договор за снабдување со ретки минерали

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел го прими телото на заложник според договорот за прекин на огнот

October 28, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk