До менаџерот на ТВ Алфа, Јане Бојаџи и до акционерите на ТРД Алфа ТВ, вчера (11 август) беше испратено писмо со предупредување дека од 16 август снимателите веќе нема да одат на терен, а дека информативните содржини ќе бидат скратени на десет минути… Бунт во ТВ Алфа, со месеци нема плати, здравствено осигурување и хонорари. Секнаа ли парите од Будимпешта?
ДИК го потпиша договорот со германската компанија „Дермалог“, која треба да ги набави потребните терминали за читање отпечатоци од прсти, системот за нивно функционирање, а ќе се грижи и за нивно одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Tие ќе пристигнат на 25 август. Договорот е во висина од околу 11 милиони евра.
Пожарите низ бројки досега: 650 е бројот на полициски службеници кои ги ангажира МВР во гансење на пожарите низ земјата, 220 е бројот на полициски мото-патроли крајот на минатата недела, 163+ полициски возила се вклучени во активностите на МВР во справување со пожарите, 5.000 литри гориво за потреба за акциите за гаснење на пожарите, одобри Владата, од резервите на министерствата за одбрана и внатрешни работи, 1.000+ припадници на Армијата секојдневно се во состојба на готовност…
Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и од грип, анализира Вистиномер.
Концепцијата за основно образование, која овој март беше усвоена по четири месеци дебати и полемики, ќе се применува со стартот на учебната 2021/2022 година. Најпрво во прво и четврто одделение, за кои наставните програми по сите предмети се веќе изработени, а потоа етапно и во другите одделенија.
М. М.






