ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повеќето дезинформации за КОВИД-19 потекнуваат од 12 луѓе, извештај на ЦХДХ

August 12, 2021 11:44
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Како што пишува Гардијан, огромното мнозинство дезинформации и теории на заговор во борба против вакцината за „Ковид-19“ потекнуваат од само 12 лица, се наведува во извештајот на Центарот за борба против дигиталната омраза (ЦХДХ), на кој се повикуваат од Белата куќа оваа недела.

ЦХДХ, непрофитна и невладина организација од Обединетото Кралство/САД, во Март откри дека овие 12 онлајн личности што ги нарекоа „дузина дезинформатори“ се следени од 59 милиони луѓе, комбинирано на повеќе платформи за социјални медиуми, при што најголемо влијание имаат на Фејсбук. ЦХДХ анализираше 812.000 објави и твитови на Фејсбук и откри дека 65% од нив се од дузината дезинформатори. Вивек Мурти, главниот американски хирург и претседателот Џо Бајден, оваа недела се фокусираа на дезинформациите околу вакцините како движечка сила на ширењето на вирусот.

 

Според истражувањето на ЦХДХ, оваа дузина е одговорна за 73% од целата антиваксерска содржина само на Фејсбук, иако вакцините се прогласени за безбедни и ефикасни од страна на  американската влада и нејзините регулаторни агенции. Сепак, 95% од дезинформациите за „Ковид“ пријавени на овие платформи не беа отстранети.

Меѓу дузината се лекари кои се приклониле кон псевдонауката, бодибилдер, блогер за велнес, религиозен фанатик и особено Роберт Ф Кенеди Јуниор, внук на Џон Кенеди, кој исто така ги поврза вакцините со аутизмот и 5G широко појасните мобилни мрежи со пандемија на Корона вирусот.

Кенеди оттогаш беше отстранет од Инстаграм, кој е во споственост на Фејсбук, но не и од самиот Фејсбук.

„Фејсбук, Гугл и Твитер воведоа политики за спречување на ширење дезинформации за вакцините; до денес, тие не успеаја да ги спроведат тие политики на задоволително ниво “, напиша извршниот директор на ЦХДХ, Имран Ахмед, во извештајот. „Сите беа особено неефикасни во отстранувањето на штетните и опасни дезинформации за вакцините против Корона вирусот“.

Иако платформите оттогаш презедоа мерки за отстранување на многу нивни објави, па дури и да отстранат тројца од дузината од една платформа, ЦХДХ ги повикува Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутјуб целосно да ги деплатформираат дузината  дезинформатори за кои веруваат дека се опасни и клучни во создавањето недоверба кон вакцините, како клучен момент во пандемијата.

„Ажурираните политики и изјави имаат мала вредност, освен ако не се строго и доследно спроведени“, се вели во извештајот. „Со огромното количество штетни содржини што се шират од одреден број сметки, отстранувањето на тие неколку најопасни поединци и групи може значително да го намали количеството дезинформации што се шират низ платформите“.

извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Пладневен преглед: Вакцинирани се над половина милион граѓани, сè уште има активни пожари, Мицкоски е опасен по здравјето на граѓаните

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Би се сретнал со Ким Џонг Ун ако сака, можеби би ја продолжил турнејата

October 27, 2025

Одложени над 8.000 летови во САД поради буџетската блокада

October 27, 2025
Скриншот

Започнува судењето за онлајн вознемирување на Брижит Макрон

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk