Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ Хавиер Солана на големата конференција „По Охрид“ посветена на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Тој беше само еден од многубројните претставници на меѓународната заедница кои денеска учествуваа на конференцијата.
Не треба само носталгично да се осврнуваме на Рамковниот договор кој беше уникатен пример за крај на еден конфликт. Договорите ги има премногу во историјата, но, она што луѓето вистински го сакаат е работа, добро образование за нивните деца и надеж за иднината. Тоа мора да биде чекор понатаму од Охридскиот договор и тоа е нашата обврска, порача поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон во обраќањето на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска соопшти дека веќе неколку дена чекаат претставник од ВМРО-ДПМНЕ за да присуствува на седниците на Главниот штаб и да ја следи работата.
Од 3.497 граѓани кај кои е потврден коронавирусот во изминатите седум дена, од 6 до 12 август, 450 односно 12,8 отсто биле целосно вакцинирани, а 87,1 проценти или 3.047 граѓани од позитивните не биле вакцинирани. Нема ниеден вакциниран меѓу починатите од КОВИД-19 минатата недела, соопштуваат од МЗ.
Да ги почитуваме постигнатите договори, да успееме заедниците во оваа држава да бидат господари на нивните судбини, да не ни пречи ниту јазикот, ниту културата на другиот. Скеое унапредување на јазикот и културата на другиот е напредок на државата. Колку е полојална државата кон граѓаните толку полојални се граѓаните во државата. Имаме уште многу да направиме и ќе направиме, истакна Ахмети од ДУИ.
М. М.