Лекцијата од Охридскиот договор е дека проблемите треба да се решат кога ќе се појават, не треба да се дозволи да ескалираат. Песимистите беа гласни, но се покажа дека не биле во право – државата остана унитарна и стабилна, сега и членка на НАТО, напиша на Твитер, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Лекцијата од Охридскиот договор е дека проблемите треба да се решат кога ќе се појават, не треба да се дозволи да ескалираат. Песимистите беа гласни, но се покажа дека не биле во право – државата остана унитарна и стабилна, сега и членка на НАТО. pic.twitter.com/v3hX9OgY7e
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) August 13, 2021
Таа нагласува дека мнозинството очекувало мир и решение, а храбрите носители на одлуки го обезбедиле тоа.
„Тивкото мнозинство очекуваше мир и решение, а храбрите носители на одлуки го обезбедија тоа. Меѓународната заедница беше обединета – НАТО, ЕУ, САД и ОБСЕ имаа единствен пристап да не се дозволи војна. Огромна улога одигра претседателот Трајковски.
Шекеринска ја истакна и улогата на жените кои соработувале и помогнале во тој процес.
„Да не ги заборавиме и неколкуте жени со кои соработував и кои го помогнаа овој процес (иако обично ги нема на главните “маси”): Дорис Пак, Ана Линд, Кларис Пастори, Теута Арифи, Илинка Митрева… Поради Охридскиит договор, Северна Македонија сега е подобра земја за своите граѓани.“, потенцира Шекеринска.
J. Ѓ.