Не се исцрпени сите можности за формирање влада во Бугарија. Ќе се одржат консултации со партиите застапени во Парламентот, пред да биде предаден следниот мандат. Сите опции за формирање кабинет со широка парламентарна поддршка ќе бидат исцрпени. Тоа го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Во отсуство на официјални информации за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, во јавноста растат шпекулациите околу имињата за можните кандидати, но и за проблемите на оваа партија да состави листи со кандидати. Неофицијално, актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Даниела Арсовска, е можен кандидат за прв човек на Град Скопје, откако се слушна дека Коце Трајановски се откажал од кандидатурата.
20 години, наместо конфликти и нестабилност, разговараме за економски напредок во нашата земја и унапредување на добрососедските односи, а заедно со нашите соседи создаваме Отворен Балкан, се вели во соопштението на СДСМ по повод јубилејот од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. СДСМ им заблагодари на сите граѓани за придонесот и им честита за изградбата на нашето успешно, современо, Едно општество за сите! Тоа е патот напред по којшто заедно продолжуваме.
Артан Груби даде интересен коментар после денешното обраќање на премиерот Зоран Заев по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор, издвојуваат од ТВ 21. Тој вели дека кога го прашал Ахмети дали доколку беше Заев во 2001 година ќе се потпишел Рамковниот договор, Ахмети му одговорил – Да беше Заев во 2001 година, немаше да се случи 2001 година.
Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид – 19. Ова го потврди претседателот на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ), Крсте Блажески, посочувајќи дека редари мора да имаат во објектите, кои нема да примаат надворешни гости во затворените ресторани и сали.
М. М.