ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Гори кај Горно Мелничани, гасат два хеликоптери, Наум Стоилковски повторно со лажна вест, Талибанците влегоа во Кабул

August 15, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
EPA/DARKO ANDONOVSKI

EPA/DARKO ANDONOVSKI

ИВо гасењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа, од утрово вклучени се два хелкоптери, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.

Сè уште се активни пожарите кај Буковиќ, Раовиќ во Општина Сарај, кај селото Горно Мелничани во Центар Жупа, во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп, соопштија на редовната претпладневна прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, на вчерашната прес-конференција изнесе невистина дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов одмора во хотелот „Монте Мулини“, хотел во Ровињ, Хрватска, каде за 6 ноќи за двајца требало да се плати 12.300 евра.

Од утре рестриктивни мерки. Бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани, укажа министерот, е посебно голем во градови каде што опфатот со вакцинација е околу дваесетина проценти. Тоа се Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево… Во Охрид опфатот со вакцината е 50 проценти и има помалку од десет хоспитализирани пациенти.

Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори започнува утре (16 август) согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ.

Заврши проектот „Скопје вежба“. Дури 3.000 граѓани од различни возрасти ја искористија можноста бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование. Се вежбаше гимнастика, аеробик, пилатес, бокс, моторика, јога, голф и фудбал, на 6 локации, под будното око на 20 професори и соработници.

Талибанците почнаа да влегуваат во Кабул од сите страни, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи. Раководството на талибанците им нареди на борците да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат безбедна евакуација на оние што сакаат да го напуштат главниот град.

Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да испрати 5.000 војници во Кабул, наместо 3.000 претходно најавени, со цел да се обезбеди евакуација на американски дипломати и авганистански цивили.

Во Куршумли Ан вечер со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт џез гитаристот Тони Китановски  заедно со  музичарите Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид, Вилхен Мемедов.

Ј. Ѓ.

Next Post

За една недела се вакцинираа безмалку 50.000 граѓани

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео од Х

(ВИДЕО) Тесла Cybertruck доби максимални пет ѕвездички на тестот за безбедност

August 23, 2025

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk