ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Здравство ја демантира ТВ24, нема мигрантска криза, Талибанците од нашето маало, на кафе со сертификат

August 17, 2021 21:37
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Клиника за инфективни болести (фото: МИА)

Клиника за инфективни болести (фото: МИА)

Mинистерството за здравство категорично ја демантира информацијата објавена во вестите на телевизија 24, каде новинарката на оваа телевизија во линковско вклучување, денеска пласираше вест која е целосно неточна, односно дека на Инфективна клиника најголем број од хоспитализираните пацинети биле со примени две дози вакцина. Новинарката оваа невистинита информација ја потенцираше како „важна“ што предизвика серија реакции во јавноста. Жалиме што оваа информација денеска не беше проверена во Министерството за здравство, ниту пак во КИБФС. Министерството за здравство тврди дека на Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10 % се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика.

Потврда за вакцина, прележан КОВИД-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа ќе бидат потребни за влез во нашата земја од 1 септември годинава.

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители, како и за настан од секаков вид, задолжително е поседување, приложување и проверка на потврда за вакцина, потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена.

Нема мигрантска криза, земјава ќе засолни прогресивни Авганистанци и нивни семејства кои бегаат под смртни закани од Талибанците. Македонската влада апелираше да не се шират дезинформации и страв во јавноста за наводни бегалски кампови и илјадници бегалци. Тоа се класични лаги, лиферувана од пропагандата на радикалните десничарски структури во земјава, исти како оние пред неколку години дека во земјава ќе се доселат 5 милиони Африканци, што не се случи никогаш.

„Прогресивните Авганистанци се под закана по нивниот живот и бегаат пред наездата на Талибанците. Но и ние имаме Талибанци овде. Се ситат на туѓата човечка несреќа, лажат и манипулираат со емоциите на луѓето, дезинформираат. Со една цел, личен и политички профит. Погодено им е времето, идат локални избори. Повторно: Стравот го користат како оружје“ – пишува Џабир Дерала во својата колумна „Талибанците од нашето маало“.

Водно стана заштитен предел и доби интегрирана заштита. „Работевме напорно за исполнување на нашата обврска за ревалоризација и прогласување на заштитените подрачја како Министерство и се потрудивме да ја обезбедиме максималната заштита согласно законот“ – изјави министерот за животна средина, Насер Нуредини.

В. Д.

 

Next Post

Роналдо: Мојата приказна во Реал е напишана, шпекулациите се непочитување кон мене и засегнатите клубови

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk