ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

„Ние не сме партија“?

August 18, 2021 12:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Многу сакам граѓански иницијативи за директна демократија – тема за која сум држел и обуки како граѓански активист. Затоа и бев љубопитен да видам како ќе функционира граѓанската платформа „Зелен хуман град“ и електронскиот формулар „Мој кандидат“.

На страницата на Зелен хуман град имаше повик „Кандидирај се во ЗХГ“ со правилата како да се кандидираш за „непартиска и независна листа на кандидати за советници на Град Скопје, на локалните избори во 2021 година“.

Со поднесувањето на кандидатурата требаше да потврдиш дека:

Точка 4: „Не сум актуелен/а член на ниту една партија, и не сум бил/а во последните пет години“.

И, сега, што можеме да заклучиме откако излегоа главните кандидати на ЗХГ?

1) Главната кандидатка за градоначалничка не го исполнува клучниот услов да не била член на ниту една партија во последните години. Таа не само што била член на партија, туку и била во извршниот одбор на ДОМ, кога како партиски кадар била именувана за државна секретарка во министерство, а потоа и директорка на државниот инспекторат до пред еден месец!

2) И носителката на т.н. „непартиска и независна листа на кандидати за советници на Град Скопје“ исто така не го исполнува условот да не била член на ниту една партија во последните 5 години. Пред 4 години, таа беше носителка на листа на партијата „Левица“ за Градот Скопје, кампањата ја водеше од име на партијата со повикување на партиската програма, и ја убедуваше јавноста дека е членка на партијата „Левица“.

Само две прашања:

Може ли да им се верува на кандидати кои на збор се залагаат за директна демократија, а на дело ги кршат условите за кандидирање кои самите ги поставиле?

Може ли да стане збор за „непартиска и независна листа на кандидати за советници“, кога ем носителката на листата, ем кандидатката за градоначалничка на Скопје влегле во политиката и градските и државните институции како партиски кандидати?

Јас мислам дека не може, туку што мислите вие?


Текстот е личен став на Aвторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk