ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лазаревски: За авганистанските луѓе во неволја, хуманитарци, новинари, преведувачи, прогресивни луѓе и демократи, за кои нема веќе место во нивната татковина

August 19, 2021 12:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Среде оваа ксенофобична кампања која започнува околу давањето засолниште на бегалци од Афганистан, луѓе кои премногу предолго биле на првата линија на борбата против реакцинерното, ултра-конзервативно и крајно сурово движење Талибан, чувствувам лична обврска да застанам против таа и таква кампања и да изразам целосна поддршка на бегалците.

Во исклучително тешки и опасни услови овие луѓе се бореле нивната татковина да усвои демократски, слободарски, секуларни вредности. Се бореле за правата на жените, за правата на маргинилизираните, на малубројните, на оние во опасност. Застапувале граѓанско општество и слобода на говор, работеле за Обединетите нации, за невладини организации, образувале генерации, биле новинари, биле демократи.

Освен овие луѓе, доаѓаат и нивните семејства. Доаѓаат оние кои, ако останат во Авганистан, ќе бидат убиени, оние кои ќе бидат присилно омажени, оние кои ќе немаат како да се прехранат, оние кои немаат повеќе живот во родната земја.

Доаѓаат луѓе кои ја одбрале прогресивната и демократска страна во нивното општество и кои сега зависат од нашата прогресивност и демократичност, но најмногу од нашата солидарност. Солидарност е збор кој многу често го користиме и вредност на која уште почесто се повикуваме. А, сега е момент и практично, реално да покажеме како се практикува солидарноста, како се подава рака и кога некој кој не ни е близок (географски) има мака.

Бегалците се секогаш цел на ксенофобични напади и ситни монети за политички препукувања и во земјите од каде бегаат и во земјите каде што ќе најдат (привремено) засолниште. Преку нив се мобилизираат сите десничарски, авторитарни и националистички сили кои ќе трубат како „нечистите“ странци ќе донесат кај нас само беда, болести, криминал и тероризам. Нивната мака станува платформа за промоција на локални политички агенди кои опортунистички поентираат на неа. Целосно нечовечки и без грам емпатија кон човечките битија во опасност.

Затоа, оваа мобилизација на ксенофобичната десница не смее да биде единствената присутна. Мора да се чуе и гласот на прогресивните, солидарни граѓани, гласот на сите алтруисти кои освен за себе, покажуваат грижа и за останатите човечки битија во неволја.

За крај, еве листа од неколку бегалци (малкумина од многуте) кои оставиле трага и во земјата во која нашле засолниште, а и во светот во целина:

  • Алберт Ајнштајн –најголемата научна ѕвезда во светот, Нобеловец, бегалец.
  • Хана Арент – теоретичарка на политички науки, препознаена како една од најбитните политички мислители на дваесеттиот век, бегалка
  • Фреди Меркјури – веројатно најголемата музичка ѕвезда во светот, бегалец.
  • Сигмунд Фројд –Татко на психоанализата, бегалец.
  • Иман, музата на Џани Версаче, Келвин Клајн, Дона Каран, љубовта на Дејвид Боуви, бегалка.
  • Далај Лама, духовен (и световен) водач на Тибетанците, поборник на мирно разрешување на конфликти и ненасилство, Нобеловец, бегалец.
  • Десетици илјади деца – бегалци од Граѓанската војна во Грција

Васко Лазаревски

Next Post

Заев: Ако не се донесе законот, постои можност за гласање и со истечена лична карта

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk