Изминативе неколку дена набљудував реакции и слики на социјалните мрежи од антиваксерските протести. Не сакав да избрзам да ги квалификувам како карневал на фејкњуз и глупости, затоа што учествуваа личности чие мислење ме интересира и внимателно слушав што пораки порачуваа.
Што забележав?
Видов 5% наивни будали што мислат дека слобода на живот е исто со слобода да бидеш неодговорен кретен кој ќе им го загрозува животот на сограѓаните.
Видов 5% „инфлуенсери” на социјални мрежи кои целиот настан го искористија за гнасна себепромоција, лајкови и збирање следачи.
И видов 90% христијан мицкоски се шлепа на вакви протести за да го мобилизира вмровското гласачко тело сега пред избори и да го одржи моментумот за митинзи, зошто знае дека на негов повик ни 50 души нема да излезат.
Со чиста совест ги квалификувам антиваксерскиве протести за партиски циркус и дека целото тоа движење во државава е пренапумпан балон на луѓе со брзи прсти на тастатурчињата и премногу слободно време, кои не се ни многу, ама се многу досадни и гласни.
Во меѓувреме секој ден имаме рекорди на вакцинирани луѓе, пред некој ден вакциниравме скоро 20 000, и 90 000 во последниве 10 дена, ако продолжиме со ова темпо ќе биде одлично, сепак испадна дека поголемиот дел од државата се разумни луѓе и уште сега го прогласувам антиваксерството во државава за УМРЕНО.
Фејсбук објава од Ранко Србакоски