Дали Југославија била ,,фашистичка” заради тоа што 1971 година ги спасила своите 20 милиони жители од последната епидемијата на големи сипаници (variola vera) во Европа – и тоа преку масовна вакцинација на 18 милиони граѓани и примена на строги мерки (карантин, ограничено движење итн.)?
Смртноста од вариола вера била 21% (од секој пет заразени еден умирал) и за два месеци додека не била запрена епидемијата умреле 40 луѓе од 20 милиони. Во земји со послаб здравствен систем, или во ситуации кога здравството е преоптеретено, смртноста била и до 40%.
Да се повела југословенската влада на чело со Тито по паметот (условно речено) на денешните антиваксери и политичарите кои им се улизуваат, односно 1971 година да се дозволело непочитување на научно заснованите анти-епидемиски мерки, воведени во соработка со СЗО, бројот на мртви само во тогашна Социјалистичка Република Македонија ќе бил околу 300 илјади, а на ниво на федерација милион и пол до два…
А да го наречеш Тито фашист е врв на перверзија за тие што знаат што е фашизам, како и дно на лицемерие ако свесно на тој начин се промовора неукост за историјата. Истото важи и за поистоветување на мерките за заштита на јавното здравје со фашизмот.
Фејсбук објава од Филип Стојановски