Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната владина седница информира дека од утре ќе продолжи нормалното издавање на личните карти на граѓаните.
Имунитетот од вакцината штити многу повеќе од прележана болест, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју на ТВ Канал 5 појаснувајќи ја мерката која го ограничува движењето на лицата кои прележале ковид.
Премиерот Заев попладнево се сретна со заменик-државната секретарката на Стејт Департментот на САД – Венди Шерман, како и претставници на НАТО.
Нови мерки за влез во нашата земја се применуваат и на аеродромите во земјата. Од синоќа во 21 часот влез во аеродромските терминални згради е дозволен само со приложување: сертификат за извршена вакцинација протов Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина, или сертификат / потврда за прележан Ковид во последните 45 дена.
ВМРО-ДПМНЕ го саботираше менаџирањето со кризата, преку непотпишувањето на договорот со Светска банка за заем, со што доцнеа модуларните блници, сега тие болници се отвораат. Го компромитираа начинот на снабдување со вакцините, се обидуваа да добиваат политички поени на сметка на жртвите од ковид, на сметка на трагедиите на семејствата, изјави министерот за здравство, Филипче.
Триесетина наши граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде се очекува да се упатат кон Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи.