ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грчката Влада следната недела ќе ги соопшти мерките за невакцинираните

August 21, 2021 15:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН

Рамката и начинот на кој ќе функционираат економијата и општеството во Грција во следниот период и рестрикциите кои се чини дека ќе важат само за невакцинираните, грчката Влада ќе ги соопшти во текот на следната седмица, веројатно во вторник како што откри владиниот портпарол Јанис Иконому, говорејќи за телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

-На оние кои се вакцинирани ќе им се даде можноста да имаат поголема удобност во движењата, поголеми можности и опции. За останатите, ќе постојат одредени места за тестирање, што ќе биде на сопствен трошок. На пример, од вработените во јавниот и во приватниот сектор, кои не се вакцинирани, ќе се бара да вршат лабораториски тестови на сопствен трошок по фиксна цена. Но, повторувам, за жал, на нивен трошок еднаш или двапати седмично од септември па натаму, објасни Иконому.

Го повтори она што неодамна го истакна и грчкиот премиер, дека во никој случај економијата нема да се затвори и нема да постои локдаун како оние од изминатиот период, а додаде дека ќе постојат низа мерки за заштита од ширењето на вирусот, кои пред сè ќе се однесуваат на затворените простори, но ќе бидат земени предвид и одредени критериуми.

Како пример спомена дека мерки може да се воведат во просторите за забава и во угостителските објекти, но не може на граѓаните да им се одземе правото да пазаруваат, да се снабдат со леб, млеко или лекови.

Паралелно, Иконому ја остави отворена можноста одново да биде воведено задолжителното носење маска на отворено, доколку тоа го препорачаат експертите.

-Со температури од 40 степени, очигледно не е лесно да се носи маската. Но, се движиме кон период со пониски температури, кога луѓето се враќаат од одмори, ќе има повеќе гужви и раздвиженост надвор. Тоа е мерка што функционираше и што треба одново да се разгледа во следниот период. Секако, експертите ќе излезат со став за конкретната тема, рече портпаролот на грчката Влада.

Согласно актуелните мерки во Грција, маската е задолжителна само во затворените простори, додека пак внатрешните делови на угостителските објекти и сите ноќни клубови, без разлика дали се на отворено или на затворено, работат само за вакцинирани или лица кои прележале Ковид-19.

извор: МИА
Next Post

Министерката Царовска учествуваше на Младинска керамичка работилница во Вранештица

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk