Ќе ги згрижиме оние бегалци од Авганистан што ни помогаа како членка на НАТО. Македонија, односно оние луѓе, кои работеле заедно со нашата мисија во Авганистан, што работеле за нашата армија и НАТО, како и новинари, миротворци, преведувачи“, истакна во гостувањето на Сител телевизија, советникот за надворешна политика во владиниот кабинет, Едмонд Адеми.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Венди Шерман, заменик државен секретар на САД, денеска учествуваше на видео состанок посветен на најновите случувања во Авганистан. На состанокот, покрај Република Северна Македонија учествуваа и земји членки на ЕУ и НАТО, како и други пријателски земји од различни региони во светот, подготвени да обезбедат привремено прибежиште за граѓаните на Авганистан кои во моментов се под сериозна закана за нивните животи, и како и за безбедноста на нивните семејства.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо сака да го напушти клубот пред крајот на летниот преоден рок, објави италијанскиот новинар Николо Шира на Твитер. Португалецот не се најде во стартниот состав за денешниот натпревар од првото коло во Серија А против Удинезе.