ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За четири години набавени 150 нови возила – механизација за јавните претпријатија на Град Скопје

August 22, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавните претпријатија на Град Скопје во изминатите четири години заедно имаат набавено повеќе од 130 нови возила – механизација, целосно  со буџетски средства од Град Скопје, без донации и помош, изјави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Дел од новонабавената механизација во градските јавни претпријатија денеска беше претставена на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, која, како што рече Шилегов, покажува дека градските јавни пари се трошат за вистинските приоритети и за вистинските потреби на градот Скопје.

– Скопје има потреба за поефикасен сообраќај, за поефикасна комунална хигиена и има потреба за уредување на новото зеленило. Токму заради тоа, наши приоритети во изминатиот период, но и периодот што претстои, ќе биде подобрување на инфраструктурата и со тоа подобрување на условите за работа и подобрување на услугите кои ги даваат јавните претпријатија, изјави Шилегов.

Завршена е, нагласи Шилегов, и набавката за нови комбиња во ЈСП Скопје и во ЈП Лајка, со што за еден мандат се набавени над 150 нови комунални возила.

-ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси и десет нови комбиња кои пристигнуваат за две недели. ЈП Комунална хигиена набави 51 ново возило, меѓу кои 21 ново комунално возило за собирање смет, нови автоцистерни и метларки. ЈП Водовод и канализација набави 21 возило, меѓу кои две цистерни под притисок и две за вакуум, нови две теренски возила и 11 товарни возила и градежни машини. ЈП Улици и патишта набави над 14 нови возила, ЈП Паркови и зеленило набави седум нови возила. ЈП Градски паркинг има пет нови возила „пајаци“ за подигање неправилно паркирани возила и една нова машина за чистење на снег.  ЈП Дрисла ја вративме во Скопје и финансиски ја консолидиравме, меѓутоа успеавме и да набавиме нови теренски возила. Она што е нешто најдобро во комуналните возила, е новата противпожарна скала. Прво вакво возило и опрема на територија на цела држава, меѓутоа и прво возило што градот го има купено со свои средства, изјави скопскиот градоначалник.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека не е приоритет на градот и градската управа градоначалникот да купува службено возило за своите потреби и дека тој се вози со возило старо десет години.

– Приоритет на градот е да ги трошиме јавните пари, токму за ова, за комуналната инфраструктура на нашиот град, додаде Шилегов.

Во периодот што следува, како што рече, ќе се фокусираме на зголемување на набавките во ЈП Паркови и зеленило и во ЈП Улици и патишта, со цел да се зголеми квалитетот на услугите на тие јавни претпријатија.

извор: МИА
Next Post
Бранко Тричковски

Кај ќе бегаат тие што бегаат од бегалците

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk