Не сме институцијата што може да каже дека се одложува или не пописот. Ние имаме Закон за попис и единствена институција што може да каже такво нешто е Собранието, каде што треба да се направи измена на законот, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, во гостувањето на телевизија Канал 5.
ОКТА и годинава ќе стипендира студенти на втор циклус студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Ќе бидат доделени пет стипендии на четири факултети на УКИМ, за што компанијата и Универзитетот потпишаа Меморандум за соработка, во кој се дефинирани условите и начинот на стипендирање на постдипломците. Со ова, петта година по ред, ОКТА обезбедува поддршка за студентите на најстарата и најголема високообразовна институција во државата
Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во Киев го реафирмираше ставот дека одржувањето на првата меѓувладина конференција во најскоро време е клучен приоритет за Северна Македонија, при што нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги зголеми напорите за да се динамизираат односите со земјите од Западен Балкан.