Десет пациенти болни од Ковид 19 починаа во изминатите 24 часа во тетовската болница.
– Бројката на лица кои барале преглед или контрола е 245 луѓе. Примени се 18 луѓе на болничко лекување. Вкупно на лекување има 120 луѓе од кои 118 се на кислородна поддршка, информира координаторот на Ковид центарот, доктор Гзим Нуредини.
Од хоспитализираните 120 пациенти, девет имаат примено една вакцина, а тројца пациенти двете дози.
Триесет и шестгодишна жена е најмладиот починат пациент од ковид во тетовската болница изминатото деноноќие. Во истата болница имало уште 9 лица кои починале изминатите 24 часа, информира раководителот на ковид-одделението доктор Гзим Нуредини за Слободен печат.
Ниеден од починатите не бил вакциниран и сите биле со коморбидитети, односно придружни болести.
Бројот на амбулантски прегледи драстично расте во овој ковид-центар каде за преглед се јавиле дури 245 пациенти. Хоспитализирани се 120 лица и повеќето се на кислородна поддршка.