На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 685.775 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.688 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.193.218 дози вакцини, а ревакцинирани се 507.443 граѓани.
Утрово уште една трансплантација на срце и бубрези, се поклонуваме пред хуманоста на починатата 42-годишната пациентка која ги донираше органите.
Од мај 2020 досега, извршени се експлантации од 7 починати донори, трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега и едно коскено ткиво
Лекарска комора: Да се пријавуваат случаите кога доктори шират псевдонаука и лаги, за да може да се постапува формално-правно.
РЕНДГЕН: Малала.


На 14 милиони Авганистанци им се заканува глад, предупредува Светската програма за храна. ВФП предупреди дека Авганистан е во опасност од хуманитарна катастрофа доколку оваа агенција на Обединетите нации до септември не успее да собере 200 милиони долари.
Лидери на Г-7 сепак не успеаја да ги убедат САД да ги задржат војниците во Авганистан за да продолжат напорите за евакуација по крајот на месецот.
Бебето овековечено на омотот на албумот „Nevermind” на хеви-метал групата „Нирвана“, сега го тужи составот за детска порнографија.
Рестриктивните мерки, односно полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во три региони на грчкиот остров Крит се продолжени за уште една седмица и паралелно се воведени и во регионот Месинија на Пелопонез.
Саемот на книга оваа година започнува на 8 септември, а ќе трае до 14 септември. Саемот ќе се организира на отворено, непосредно до Аква паркот кај А1 Арена „СЦ Борис Трајковски“.
Англиските прволигашки екипи нема да им дозволат настап во септемвриските мундијалски квалификации на фудбалерите кои треба да играат репрезентативни натпревари во земји од британската црвена листа за патувања поради ковид ограничувањата.
J. Ѓ.