ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пописот ќе овозможи база за понатамошни тематски истражувања наменети за лицата со попреченост

August 26, 2021 17:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter
Пописот ќе овозможи база за понатамошни тематски истражувања наменети за лицата со попреченост. Ова е еден од заклучоците на денешната средба, одржана во Владата, меѓу Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, директорот на ДЗС Апостол Симовски, претставник од кај Народниот правобранител и претставници на граѓански организации на лица со различни видови попреченост.

-На состанокот, кој го водеше советникот на претседателот на Владата за прашањата поврзани со лицата со попреченост и координатор на Националното координативно тело Спасе Додевски, беа разгледани сугестиите и забелешките на организациите на лица со попреченост околу конципирањето на прашалникот и инклузивноста на попишувачкиот процес и беше изразена силна волја за интензивирање на понатамошна комуникација меѓу организациите на лицата со попреченост, Државниот завод за статистика и други релевантни институции, информираат од Владата.
Државниот советник за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во Канцеларијата на народниот правобранител, Весна Костиќ Ивановиќ укажала дека по направената анализа на пописните прашања упатени биле сугестии до Државниот завод за статистика со цел унапредување на процесот на прибирање на податоци кои се однесуваат на лицата со попреченост во земјава.
-Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски истакна дека пописот како една сеопфатна статистичка операција може да даде една статистичка база за лицата со попреченост која понатаму ќе иницира понатамошни наменски истражувања, велат од Владата.
Симовски нагласил дека сетот прашања ги зема предвид сугестиите на „Вашингтонската група“.
-Директорот на ДЗС исто така укажа дека и во процесот на попишување ќе бидат обезбедени знаковни толкувачи за комуникација со глувите лица, а предвидена е и можност за проверка на веродостојноста на одговорите дадени од слепите лица, од страна на нивно лице од доверба, соопштуваат од Владата.
Координаторот на Националното координативно тело Спасе Додевски истакнал дека ова тело е отворено да ги сослуша сите сугестии од лицата со попреченост и организациите на лица со попреченост и дека податоците од пописот се очекува да послужат како основа за понатамошни статистички операции и истражувања кои се однесуваат на оваа популација и креирање на соодветни државни политики.

-На средбата беше изразена силна волја од страна на сите присутни за понатамошно заедничко делување и соработка и беше заклучено дека постои потреба од едукација и сензибилизација на сите институции вклучително и ДЗС како и интензивирање на соработката меѓу граѓанските организации и институциите за вклучување на лицата со попреченост како дел од истражувачките тимови во понатамошните истражувања кои ќе ја опфаќаат оваа популација, известуваат од Владата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk