Регистрирани 1.082 нови случаи на Ковид 19, пријавени се 27 починати лица. 7 починати лица од Скопје (84г,79г,78г,67г,67г,66г и 60г), 6 починати лица од Тетово (85г,76г,74г,73г,69г и 60г), 5 лица од Гостивар (72г,69г,65г,61г и 47г), 3 лица од Кичево (48г,46г и 45г), по едно починато лице од Куманово (74г), Прилеп (57г), Охрид (52г), Штип (79г), Струмица (70г) и Македонски Брод(71г).
Шилегов: Арсовска се крие дека е независна, a и врапчињата знаат дека e кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш објавувал „независни“ кандидати, како Иванов, Сиљановска-Давкова и Љубиша Георгиевски и после тоа тие т.н. независни стануваат најревносни партиски послушници. Најголемата опозициска партија се срами се да излезе пред скопјани во оваа ситуација, потенцира Шилегов.
Шилегов на маалска средба во Бутел: Ова е општина што најбрзо се развива во Скопје.
Николовски: За првпат по 1974 година ќе имаме нов закон за конфискација на имот. Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски посочи дека овој закон ќе важи за сите граѓани тоа значи и поранешни функционери, поточно сите кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра и немаат доказ за неговото потекло ќе се врши проверка, а тоа ќе ги ги демотивира граѓаните на нивно име да се впишува имот на туѓо име особено на функционери.