Неколку пати сум напишал, а сега ќе го повторам истото: приказните на Мицкоски за борба на македонскиот идентитет се лажни, краткотрајни и дневно политички.
Денешната коалиција со Села не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е албанофобична партија. Тоа што Гога имала “дечко албанец” или била заљубена во албанец, а Мицкоски имал другари албанци, тоа не го менува мислењето на нивното членство и поддржувачи кои се контра албанците. Албанците за нив се шиптари, а добар шиптар…
Тиранската платформа од друга страна, таа колосална лага, беше насочена пред сè против албанците, како набој на македонците во „чистиот” етнички блок; борбата за „чисти Македонци” версус останатите, се пораки во кои општествената толеранција треба да ја пренасочат во корист на омразата.
Нацијата, Мицкоски ја носи во вештачка реалност, во непостоечки свет на илузии, во обмани и лаги. А на се ова, неговото политичко погонско гориво беше и останува омразата.
Мицкоски и неговата партија мразат сè: албанци најмногу, затоа што само преку омраза кон другите, тие можат да бидат македонци/ескими/хинду итн. Омразата нив ги дефинира кој се и што се. Ништо друго.
Ако сега сакам да заоштрам, Мицкоски вака ја гледа Македонија: спиритуална сеанса во запалена куќа на духови; сите присутни знаат дека куќата гори и гледаат дека груевистот зборува од стомакот, коалицира од стомакот, политизира од стомакот. А оние кои не се согласуваат со политиките на Мицкоски – ентузијастички ги тепаат сите кои сакаат надвор од таквата куќа на духови!
Ако, пак, човек размислува трезвено, не може да не се запраша: 1.) што бара Села во коалиција со партијата која му ја скапа главата, и 2.): можеби Села проценил дека својата слобода и слободата на албанците ќе му биде загарантирана со Мицкоски?
Ако е во прашање првиот став – Мицкоски е во сериозен проблем. Ако е вториот став во прашање – Села се наоѓа во уште поголем проблем.
Фејсбук објава од Ненад Јовановиќ