По низа обвинувања и четири години опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците ќе се поддржуваат за локалните избори. Не соопштија дали и какви услови имале за склучување на партнерскиот однос, ниту која партија во која општина ќе има кандидати.
До вчера: „Малку му беше на ‘шиптарот’ Села ќотекот во Собрание“. Од денес: „Заедно со Села ќе ги победиме ‘Северџаните’ од ‘СДСШ’ и ДУИ“, напиша на неговиот Фејсбук профил Петрит Сарачини. Инаку, и Алијанса и Алтернатива го поддржаа референдумот за името и уставните измени во Собранието. Шобисерекло, 2-те минути омраза од 1984 на Орвел се детска сказна за 30-годишното перење мозоци на мвро-вмро, лепотани мои, стои во неговата објава.
Црвените линии ве ставаат во кутија. Рековме – ние нема да го ставиме процесот во кутијата. Тоа е начинот на кој работат пријателите. Фокусирани на решенија. Градење мостови, а не sидови! Што се предизвиците ако не и шанса за решенија! Ако не ги гледате предизвиците како можности за креативни решенија, како чекори кон остварување на нашата визија, истакна Премиерот Заев на церемонијата на доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија.
Николовски денеска соопшти дека до крајот на месецот, односно идната недела, СДСМ ќе ги објави и останите кандидати за претстојните локални избори. Според Николовски, кој тврди дека во партијата нема никакви дилеми, ниту препукувања, СДСМ убедливо води во источниот регион, а одлуките за тамошните три општини најверојатно ќе бидат познати во понедленик или вотрник.
Иако за момент помисливме дека ситуацијата барем за нијанса е подобра, сепак морам да констатирма дека се уште нема никаква промена во однос и наболничките прегледи, и на смртноста и на дневните амбулантски прегледи, изјави за Фактор д-р Гзим Нуредини, шеф на Ковид-центарот во Тетово. Нагласува дека до утринава повторно има многу приеми, а информира и за пет починати пациенти, меѓу кои и млада жена.
М. М.