ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реновиран објектот на Полициското одделение Чашка

August 28, 2021 15:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно планот за реализација на реконструкција на објектите и подобрување на условите за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи, завршена е целосната реконструкција на објектот на Полициското одделение Чашка.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети ова Полициското одделение во општина Чашка и оствари средба со раководството на СВР Велес, но и на оваа полициска организациска единица по повод завршената санација и реконструкција на објектот.

Тој напомена дека во постапката на реконструкција на објектот направена е комплетна санација на кровната конструкција, изработена е нова термоизолациона фасада на целиот објект, заменета е старата електрична инсталација со нова, направена е комплетна замена на старите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци, а поставено е и ново парно греење.

-Посебно ми е драго што колегите од оваа наша организациска единица од денеска и официјално добиваат квалитетен, реконструиран и саниран работен простор и амбиент кој што ќе придонесе за подобрување на квалитетот и стандардот на работа и услуги што полицијата ги дава на граѓаните како нивен сервис, истакна Спасовски.

Како што рече, извршени се и други потребни работи за реконструкција на објектот, а вкупно за оваа намена се потрошени 5.000.000 денари од буџетот на МВР.

Тој потсети дека од ноември минатата година реконструирани се 11 објекти, а моментално се работи и на други објекти кои ќе бидат целосно готови до крајот на оваа година.

-Ги завршивме објектите на Управни служби Кавадарци, ОВР Крива Паланка, ОВР Гевгелија, ОВР Кавадарци, Полициско одделение Ростуше, Војнички клуб Илинден за потребите на САЕ „Тигар“, ОВР Ресен, Полициско одделение Дојран, Полициска канцеларија Старо Нагоричане, Полициско одделение Ранковце и ова што денеска го промовираме – Полициско одделение Чашка, рече Спасовски.

Тој додаде дека се работи на реконструкцијата на ПС Карпош, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, СВР Куманово, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, ОВР Пробиштип, Полициско одделение Македонска Каменица, Полициско одделение Кривогаштани, ОВР Делчево, ОВР Берово.

Министерот Спасовски во рамки на работната посета на општина Чашка се сретна и со градоначалникот на оваа општина Горан Стојановски при што беше констатирана одлична соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа.

извор: МИА

Next Post

Попладнево нестабилно, со пороен дожд и грмежи

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Војната со Иран се префрла на море: Шест бродови погодени во Персискиот Залив – расте ризикот за светската нафта

March 12, 2026

СДСМ: Срамна изјава на Мицкоски – ги нарече хистерични работниците кои бараат 600 евра плата

March 12, 2026
Илустрација Фронтлајн

Зошто Лавот сака да блесне – храброста да се биде виден

March 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Meta ја купи Moltbook – социјалната мрежа за AI ботови за која сите зборуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина актерот Кирил Поп Христов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 11 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk