ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Рама ги спореди С. Македонија и Албанија со ликовите во драмата „Чекајќи го Годо“, Бајден го „заспаа“ лажните вести, трета доза вакцина само за имуно компрoмитираните пациенти

August 29, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама, во врска со континуираните одложувања на отворањето на пристапните преговори за членство на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, двете земји ги споредува со ликовите од драмата „Чекајќи го Годо“, а ЕУ со нејзиниот автор Семјуел Бекет. Додава дека не е ниту оптимист, ниту песимист, туку едноставно реалист.

Точно пред четири години, беше донесена одлуката за воведување на дневната евтина тарифа на струјата секој работен ден од 14 до 16 часот. Само со оваа мерка, годишно граѓаните заштедуваат околу 16 милиони евра, односно, за четири години тоа е заштеда од вкупно 64 милиони евра, пари кои останале во семејните буџети на граѓаните, истакна а прес-конференција Коле Чаракчиев, член на Комисија за енергетика на СДСМ и пратеник.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти. Тоа се, како што рече, пациенти кои се трансплантирани и оние со хронична дијализа. Филипче посочи дека според анализите, трета доза на Фајзер вакцина – бустер доза значајно ја зголемува нејзината ефикасност.

Честитки до целата филмска екипа на македонскиот филм „Сестри“ – дебитантски долгометражен филм на Дина Дума, кој доби специјална награда од жирито на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка, напиша Премиерот Заев на својот Фејсбук профил. Горд сум што успесите на нашите млади таленти се прифатени и во светски рамки и тоа е уште една причина во континуитет да ги поддржуваме, напиша тој.

Илјадници корисници на социјалните мрежи, но и повеќе десничарски медиуми во САД и светот, споделуваат видео, во кое се шпекулира дека претседателот на САД, Џо Бајден заспал за време на состанокот со премиерот на Израел, Нафтали Бенет, кој се одржа во петокот, 27 август во Белата куќа во Вашингтон. Овие лажни објави ги земаа здраво за готово и дваесетина македонски медиуми, меѓу кои и неколку што важат за сериозни и професионални.

М. М.

Next Post

Учениците се враќаат на настава во клупите, задутре почнува учебната 2021/2022

НАЈНОВО

Берлин го повика Пјонгјанг веднаш да ги запре незаконските ракетни тестови

November 7, 2025

Премиера на македонската песна за Јуниорскиот Евросонг 2025 – „Miracle“ во изведба на Нела Манческа

November 7, 2025

Мицкоски: Владата ќе именува повереници во општините каде не беа избрани градоначалници кога официјално ќе бидат завршени изборите

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk