До кога со калкулации на штета на државата, партијата, членството и градот Скопје, прашува во објава на Фејсбук Јове Кекеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ по трет пат во историјата во трката за градоначалник на Скопје, одат без свој кандидат.
„Пенов и Трифун не беа добра поука, затоа сега и некоја си ,,независна” Даниела.
Се додека калкуланти, зихераши, страшливци, пазарџии, платеници, одработувачи и марионети ја крериаат партиската политика успехот е рамен на нула.
Знаат ли погоре споменативе што е одговорност?
Зошто толку намерни порази за толку кратко време?“, прашува Кекеновски