ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Најлошите навики во исхраната што можат да го ослабат имунитетот

August 30, 2021 16:45
in ДЕНЕС
Фото: Yaopey Yong on Unsplash

Фото: Yaopey Yong on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Со наближувањето на есента и зимата, важно е да се сосредоточиме на зајакнување на имунитетот. На имунолошкиот систем може да влијаат стресот, начинот и квалитетот на спиење, но и, особено, храната што ја јадеме. Следат некои од најлошите навики во исхраната што можат да го ослабат човековиот имунитет.

Консумирање премногу алкохол

Според американската нутриционистка Мери Албус, консумирањето премногу алкохол може негативно да влијае на нашиот имунитет.

– Алкохолот може да го потисне имунолошкиот одговор на телото на зараза. Со пиење алкохол, на телото може да му треба повеќе време да ја препознае и одговори на заразата во развој, вели Албус.

Алкохолот може да го ослабне нашиот имунитет и со промена на апсорпцијата на потребните хранливи материи. Албус вели дека тој ја инхибира апсорпцијата на виталните хранливи материи, како што се витамин Ц и цинк, кои се важни за имунолошкиот систем.

– Прекумерното консумирање алкохол може да направи симптомите на некоја болест да траат подолго и да станат потешки отколку што би требало, вели Албус.

Премногу шеќер

Албус напоменува дека и премногу шеќер во исхраната може да го ослабне имунитетот.

– Истражувањата го поврзуваат честото внесување храна богата со шеќер – со ослабена имунолошка функција. Белите крвни зрнца, кои се клетки вклучени во борбата против заразата, се негативно погодени од прекумерниот внос на шеќер, што може да ги спречи ефикасно да се борат против болестите!, објаснува таа.

Јадење премногу сол

На возрасно лице му требаат околу 2.300 милиграми натриум дневно, а некои внесуваат просечно околу 3.400 мг. дневно. Прекумерниот внос на сол може да има траен здравствен ефект.

– Јадењето храна богата со натриум, која е и доста преработена, може да предизвика воспаленија во телото и да ја зголеми опасноста од хронични заболувања, вели нутриционистката.

Недоволно овошје и зеленчук

Според Мет Мацино, исто така нутриционист, нам ни треба повеќе овошје и зеленчук во исхраната за да се одржи имунолошкиот систем.

– Овошјето и зеленчукот содржат големи количини на витамини, минерали и антиоксиданси, а овие соединенија се неопходни за поддршка на реакциите на Вашиот имунолошки систем и борба против болестите, вели Мацино.

Овошјето и зеленчукот имаат и растворливи влакна, поради што всушност, се корисни за имунитетот.

– Растворливите влакна се храна за бактериите што живеат во нашите црева, а здравиот микробиом комуницира и го поддржува нашиот имунолошки систем, додава тој.

Недоволно витамин Д

– Витаминот Д е една од најважните хранливи материи за поддршка на здрав имунолошки систем, поради неговите антиинфламаторни својства за кои е познато дека ја подобруваат функцијата на имунолошките клетки, вели Мацино.

– Ако работите цел ден од дома и не се изложувате на сончева светлина колку што треба, или ако сте среде сезона на дождови, можеби ќе сакате да размислите за земање витамин Д со додатоци, за да го зајакнете имунитетот, советува стручњакот. /МИА/

Next Post

Новиот „Ајфон 13“, веројатно, ќе овозможи сателитски разговори

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk