ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Бил Гејтс не е уапсен

August 30, 2021 12:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

Веста за навдното апсење на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс најпрво ја објави портал за сатирични содржини. Во делот „за нас” на сајтот, се вели дека информациите објавени на него се информативни едукативни и за потребите на забавата. Овој сајт содржи хумор, пародии и сатира. Самиот портал додава дека го вклучува ова предупредување за своја заштита и за да спречи да биде тужен. Апсењето на светски познатиот Бил Гејтс би било пренесено во сите мејнстрим медиуми и би било објавено од страна на сите медиумски организации во светот. Но, ништо од тоа не се случи зашто веста е лажна. И по објавувањето на ваквата вест Бил Гејтс е активен на својот Твитер профил, пишува „Вистиномер“ во анализа, што подолу ја пренесуваме во целост.

Рецензираме пост на Фејсбук кој води до текст, во кој се тврди дека Бил Гејтс (основачот на Мајкрософт) бил уапсен од страна на американската војска поради трговија со деца и злосторства врз американските граѓани.

Кога ќе се кликне на текстот, тој води до напис, кој, пак, се повикува на хрватски портал и во кој во детали е опишано наводното апсење, кое никогаш не се случило.

Лажно се тврди дека Гејтс бил уапсен „во вторникот на 27 јули“, „откако со месеци го користел своето богатство и контактите со длабоката држава за да им избега на органите на прогонот”. Исто така, не е вистина дека Гејтс е обвинет зашто ја принудил американската Агенција за лекови да даде итно одобрение за ковид вакцина, знаејќи дека таа „ќе ја разложи човековата ДНК”. Во написот се додава и дека Гејтс е обвинет за трговија со деца, а дека откако е приведен „чека да биде пренесен на заливот Гвантанамо”. Контроверзниот затвор во Куба, Гвантанамо, инаку, американската администрација размислува да го затвори. Настрана фактот што сега веќе во Гвантанамо нема американски државјани и иако во минатото ги имало, денес е многу тешко да се испрати американски државјанин во Гватанамо.

Tекстот  е преполн со детали кои сугерираат дека авторот „знае што зборува“, штом има толку многу информации. Меѓутоа, кога ќе почне да се проверува еден по еден, секој од наводите е лага.

Прв текстот го објави овој портал.

Во делот „за нас“ на сајтот, се вели дека информациите објавени на него се информативни едукативни и за потребите на забавата. Овој сајт содржи хумор, пародии и сатира. Самиот портал додава дека го вклучува ова предупредување за своја заштита и за да спречи да биде тужен.

Апсењето на светски познатиот Бил Гејтс би било пренесено во сите мејнстрим медиуми и би било објавено од страна на сите медиумски организации во светот. Но, ништо од тоа не се случи зашто веста е лажна. Откако оригиналниот напис е објавен, Бил Гејтс е активен на својот Твитер профил, како и на Јутјуб. На неговиот Јутјуб канал има 9 видеа од крајот на јули (откако тој бил наводно уапсен) и во најголем дел од нив тој е главниот актер. A, да не говориме и дека пред две и пол недели даде интервју за Си-Ен-Ен, додека истовремено, наводно, требаше да биде уапсен.

Важно е корисниците на социјални мрежи да имаат предвид на какви веб-страници пристапуваат, дали станува збор за веб-страници кои често објавуваат лаги, дезинформации или сатира за која не поставуваат дисклејмер, или се работи за сериозни медиумски организации со импресум и професионален новинарски кодекс.

Нашата оценка на овој пост е дека станува збор за невистина, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

Општина Карпош избриша четири маркици за згради на државно земјиште во ДУП-от

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk