ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими-Битиќи-Фрагогианис: Работиме на зајакнување на економската соработка и зголемување на инвестициите со Грција

August 31, 2021 19:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зајакнување и унапредување на економската соработка помеѓу РС Македонија и Грција, беше договорено на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-министерот за економска дипломатија на Грција, Костас Фрагогианис.

Двете страни се согласија да работат на зголемување на трговската размена, зголемување на инвестициите како и потпишување договори коишто ќе ги подобрат позициите на фирмите, информираат од Министерството за финансии.

-На средбата беше истакнато дека во услови на пандемија клучно е зголемување на економската соработка со соседните земји, како и преземање заеднички чекори коишто ќе имаат импакт врз создавање услови за забрзан раст на економијата.  Соработката и пријателството меѓу двете земји се зајакнуваат. Се работи на проекти кои се од капитална вредност за двете држави кои ќе донесат квалитет на животот за нашите граѓани кои го заслужуваат, велат од кабинетот на Бесими.

Инаку, трговската размена со Грција годинава бележи раст  од 25,4 проценти во однос на  минатата година. Годинава во периодот од јануари до јуни трговската размена достигна близу 400 милиони евра.
Додека странските директни инвестиции од 2017 година до сега изнесуваат 89,6 милиони евра.

-На средбата се дискутираше и за тековните и идни проекти. Како еден од позначајните проекти беше истакнат проектот за изградба на интерконективниот гасовод од Неготино до границата со Грција, инвестиција која чини 58 милиони евра. Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој изразија интерес за доделување заеми со државна гаранција за финансирање на овој проект. Одборот на директори на Европската инвестициска банка во јули 2021 година одобри финансиски средства во износ од 29 милиони евра за реализација на овој проект, иформираат од Министерството за финансии.

Оттаму соопштуваат дека од ВБИФ  се добиени грант средствата за инвестиции во износ од 9,9 милиони евра кои ќе бидат наменети за финансирање на градежните работи и грант средства во износ од 2,7 милиони евра ќе бидат наменети за техничка помош при имплементација на проектот (надзор, управување со проектот), подобрување на комуникацијата и видливоста на проектот, како и за евалуација и ревизија на проектот. Европската банка за обнова и развој прифати да додели заем од околу 19 милиони евра за затворање на финансиската конструкција.

извор: МИА

Next Post
фото: МИА

ЦУК: Голема е веројатноста пожарот на Галичица од албанска страна да навлезе на наша територија

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk