ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: На дело ја демонстрираме нашата солидарност и нашето топло добредојде на авганистанските граѓани

August 31, 2021 10:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Меѓународниот аеродром Скопје ја пречека првата група од 149 граѓани на Авганистан, за кои Република Северна Македонија изрази подготвеност да им биде привремено живеалиште и прибежиште.

Станува збор за вработени или соработници на меѓународната организација „Отворено Владино Партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, лица кои биле вработени или соработници на Transparency International, World Economic Forum и други меѓународни организации, заедно со нивните семејства, со нивните сопруги, сопрузи, мажи, жени и деца.

„Солидарноста која долго време ја најавувавме – од денес почнавме да ја спроведуваме на дело! Постојано говориме дека сме домаќинска земја, дека знаеме секому да му посакаме добредојде: Денес не правиме ништо различно, денес само на дело ја демонстрираме нашата солидарност и нашето топло добредојде на оние кои им е најпотребно“, истакна министерот Османи во изјавата за медиумите.

Тој потсети дека се работи за наши сојузници, наши партнери кои 20 години соработуваа со нашата мисија во Авганистан.

„Со овие луѓе делиме заеднички вредности за слобода, за демократија, за мир и за еднаквост. За жал, не по нивна волја, на овие луѓе денес, но и на нивните семејства им е загрозена безбедноста, загрозени им се нивните животи, и затоа ние одлучивме да им помогнеме сега, денес, веднаш – т.е. кога им е најмногу потребно“, потенцираше министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи информираше дека во рамките на Владата е формирана работна група за прифаќање на овие граѓани, каде партиципираат сите надлежни ресори и институции: од институциите кои покриваат безбедност и здравство, па се до институциите задолжени за логистика и транспорт, и дека целата операција на прифаќање на граѓаните од Авганистан се спроведува во блиска координација со нашите сојузници, пред сѐ администрацијата на американската амбасада, но и на меѓународните организации сите тие присутни и вечерва овде.

Министерот Османи додаде дека во рамки на договорите кои се постигнати, трошоците за сместување ги покриваат овдешните ограноци на организациите од каде потекнуваат и со кои соработувале овие граѓани во Авганистан, и дека соодветно на одлуката и задолженијата на Владата, Министерството за внатрешни работи веднаш почнува процедура за да им се обезбеди привремен престој на овие граѓани.

„Да потсетам, веќе во наредните денови очекуваме да пристигнат и останатите групи граѓани, од првично одобрените 780 лица за кои веќе дадовме зелено светло. За сите евентуални барања, Владата и работната група ќе ги разгледува, па евентуалните одлуки ќе бидат соопштени“, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјавата за медиумите по повод пристигнувањето на првата група граѓани од Авганистан.

Со пречекот на овие граѓани на скопскиот аеродром, волонтерите на Црвениот Крст на Република Северна Македонија им врачија првичен пакет за секој од пристигнатите со храна, вода, средства за дезинфекција, по што следуваше потоа првична здравствена контрола и соодветна асистенција на оние на кои тоа им беше потребно, како и ПЦР тестови.

Раководителката на Служба за итна медицинска помош и домашно лекување при Здравствен дом Скопје, Милица Бубало, во својата изјава за медиумите истакна дека Министерството за здравство, заедно со сите здравствени установи, е подготвени за да ја даде комплетна здравствена заштита на граѓаните од Авганистан во текот на престојот на нашата држава.

„На граѓаните ќе им биде направен ПЦР тест во однос на КОВИД-19 и ќе им биде проверен вакциналниот статус. Доколку изразат желба за вакцинација од КОВИД-19 ќе бидат вакцинирани. Доколку во текот на проверката на ПЦР тестот се констатира дека имаме позитивен/позитивни ќе се спроведе 14 дневен карантин. Понатаму во текот на самиот процес ќе биде спроведен комплетен преглед на децата и на возрасните од страна на педијатар и на специјалист интернист и ќе се оцени здравствената состојба на самите граѓани“, информираше д-р Бубало.

Таа дополни дека со првото амбулантно возило синоќа била згрижена жена во поодмината бременост, а со друго возило на Итната помош било преземено лице кое било во колапс најверојатно од премор и стрес.

 

Next Post

Истекува рокот за вакцинација на здравствените работници во Грција, од утре невакцинираните одат на принуден одмор

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk