Околу 40 пацинети се хоспитализирани во модуларната болница во Штип, а дури 35 се на кислородна поддршка. Најзастапени се пациентите од 50 до 70 години, но има и двајца млади од 30 и еден пациент на 31- годишна возраст кои се на кислородна поддршка, изјави денеска директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеоргијев.
„Во однос на починатите пацинети во текот на август доминираат невакцинираните пацинети, затоа ја користам оваа прилика, да апелирам граѓаните да се вакцинираат. Сметам дека сè уште е рано, но после овој бран ќе може да ги видиме ефектите од вакцинацијата, емипириски, за да можеме да правиме некои анализи во врска со заштитата од вакцините. Но, до овој момент доминираат невакцинираните пацинети и со тешка клиничката слика. 80-тина проценти од починатите се невакцинирани, додека 20-тина проценти се вакцинирани. И во однос на лежечките пацинети, 25-6 проценти се вакцинирани, останатите не се, изјави Ѓеоргиејев.