Џелал Хоџиќ е избран за нов претседател на СДА. Како најголема и историски најзначајна партија на Бошњаците, СДА и понатаму ќе се залага за реализација на правата на нашата заедница. Новата коалиција помеѓу СДА и СДСМ претставува позитивен пресврт, кој ќе донесе добро за Бошњаците, но и за сите граѓани на Република Северна Македонија. Убедени сме дека ова е чекор напред за бошњачката заедница, но и голем чекор напред и за СДА и за СДСМ, истакна Хоџиќ.
„Албанците беа и се за независност на Северна Македонија, но можноста за влез на земјата во било каков иден сојуз со суверени држави од поранешна Југославија, не беше опција за албанските граѓани и тогашните албански политички елити“ кажа заменикот-премиер Артан Груби на свечената владина седница по повод 30 години од независноста. Исто така истакна дека кој е против Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот и Договорот за добрососедство тој е и против државатa.
Ние градиме општество каде сите се еднакви и исто вредат. Ако сме сите посветени на исти, стратешки цели за нашата држава, за сите наши граѓани, тогаш ќе имаме поблиска соработка и нема да има толку длабоки делби меѓу нас, напиша Премиерот Заев на Фејсбук. Северна Македонија самостојно ја создава својата иднина со јасна визија за патот до неа, додаде тој.
Лукаревска на маалската средба во Карпош истакна дека СДСМ е убедлив фаворит на овие избори бидејќи излегува со чесна понуда која го нуди најдоброто за секоја општина. Пред присутните Лукаревска посочи дека Карпош е една од најразвиените општини и пример за домаќинско и одговорно работење, за што сведочат бројните проекти кои во овие четири години се реализираа преку општинскиот буџет, но и преку поддршка на градската и централната власт.
Премиерот Заев на сите ученици им го честита почетокот на новата учебна година, укажувајќи дека нема подобра опција од настава со физичко присуство и затоа се обезбедени сите услови за враќање на учениците во училишните клупи.
М. М.