ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лукаревска на средба во Карпош: СДСМ е убедлив фаворит на овие избори, излегува со чесна понуда која го нуди најдоброто за секоја општина

August 31, 2021 23:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Маалските средби вечерва продолжија во Карпош каде што заменик – претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и кандидатот за градоначалник Душко Весковски се сретна со жителите на Карпош 1 во оваа скопска општина.

Пред присутните Лукаревска посочи дека Карпош е една од најразвиените општини и пример за домаќинско и одговорно работење, за што сведочат бројните проекти кои во овие четири години се реализираа преку општинскиот буџет, но и преку поддршка на градската и централната власт.

Преку програмата ТАВ се инвестира во изградба на Мостот Карпош, што ќе ги поврзува Карпош 4 со Волково, во изградба на улицата Партизанска 2, како и во партерно уредување со реконструкција на пешачка зона и платформата на станбено-деловен комплекс – Порта Влае, што почна на 12 август и ќе заврши во ноември 2021.

Во овој дел од градот инвестиравме и во условите за развој на најмалите. Изградена е градинка со капацитет за 78 деца во Бардовци. Во тек е изградба на градинката Карпош 3, со капацитет од 100 деца. Ја зголемивме енергетската ефикасност во две градинки на територијата на оваа општина, со замена на надворешните прозорци и врати во градинката Мајски цвет и замена на нееколошкиот систем за греење во градинката Пролет, порача Лукаревска.

Осврнувајќи се локалните избори заменик претседателката посочи дека на овие локални избори СДСМ излегува со чесна понуда.

Денес СДСМ со граѓаните, со членството ја комплетираше најдобрата понудата од 69 градоначалници со кои одиме на сигурна победа. Имаме одлична кадровска понуда, одлични програми. Карпош направи одличен, победнички избор со Душко Весковски. Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот, истакна Лукаревска на средбата во скопски Карпош.

Next Post

Заев: Северна Македонија самостојно ја создава својата иднина со јасна визија за патот до неа

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk