Премиерот Заев во дебатата на панелот истакна дека Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот. „За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака да биде прифатен од некое семејство на кое отсекогаш му припаѓа, а Европа е нашето единствено семејство. Ние ќе продолжиме понатаму да ја оствариме нашата определба да станеме следна членка на ЕУ за која што нема алтернатива“
Претседателот на Бугарија Румен Радев кој учествува на Бледскиот стратешки форум, за БНТ изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на темата Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува, јави дописникот на МИА од Софија.
Од нашата одговорност и од секој поединец во образовниот систем зависи колку долго децата ќе останат во училницата. Во образовниот систем околу 74 проценти веќе се вакцинирани, а секој родител има одговорност и тој да се вакцинира, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.
Проширувањето е процес, има фази и тоа е повеќе административен процес отколку политички. Треба да зборуваме за политичка, економска, социјална и безбедносна интеграција. Ова се теми за Западен Балкан. Имаме свеж пример – Авганистан. Авганистан е далеку, но Западен Балкан е тука. Нашата одговорност кон Балканот е поголема отколку кон Авганистан. Не можеме да си дозволиме да го изневериме Западен Балкан
Oсновните и средните училишта успешно ја започнаа новата учебна година со .физичко присуство, под пропишаните мерки за заштита и Протоколи. Во училиштата се обезбедени безбедни услови, а состојбата се менаџира на дневно ниво. Генерално образовниот систем е добро подготвен и без потешкотии се се спроведува според планот.
В.Д