ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Не се очекува транспортерите да имаат застои и проблеми, функционираат „зелените“ рути

September 2, 2021 15:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Транспортерите не се очекува да имаат проблеми во транспортот на стоки наредниот период, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Одговорајќи на новинарско прашање за проблемите на транспортерите откако државава е симната од листата на безбедни земји за патување, Бочварски истакна дека досега успешно функционирале „зелените“ рути.

Според министерот, регионот одлично соработува, а владината одлука донесена на барање на здруженијата на транспортерите, да не се подложни на тестирања и карантини при влез во земјава и да не се третираат како другите граѓани, им помогнала на транспортерите. Тоа фунционира, дополни Бочварски, и во другите земји.

-Транспортерите транзитираат непречено. На седницата на Владата во вторникот донесовме мерки за олеснување на транспортерите, посебно на возачите кои се изземени од протоколите на влезо во државава, тоа е за домашните транспортери, но и за странските кои транзитираат. Правиме напори и преку зелените рути и коридори. Во целиот изминат период успеавме успешно да се справиме со овој аспект, зашто тие транспортери и транспортот на стока, на лекови и на храна, се одвиваше непречено и тие мораа да стигнат навреме таму каде се упатиле. Јас сум задоволен од досегашната соработка со целиот регион, зелените рути и тоа како профункционираа и верувам дека ќе продолжат со истото темпо, така што, во овој момент не очекувам дека транспортерите ќе имаат каков било застој или проблеми зашто, тие во најголем дел од земјите се изземени од најголем број пртоколи кои се за граѓаните, изјави Бочварски.

Како што објасни, Владата веќе ја донесе мерката што ја побараа здруженијата на превозниците и на транспортерите, да се изземат од протоколот сите домашни превозници и транспортери кои се враќаат во државава, да не се обврзани на ПЦР или брз тест на границите, ниту да бидат во карантин седум дена, бидејќи се изолирани во своите возила.

-Тоа како мерка го преземаат и другите земји, а го презедовме и ние. Драго ми е што на задоволство на здруженијата е големо олеснување што овозможува транспортот да се одвива непречено.  Сите држави носат свои мерки за заштита на своите граѓани, на своите територии, така и ние носиме мерки. Според тоа што го знам, во Регионот транспортерите имаат навистина поинаков третман, бидејќи тие се, и тоа како, битни за прехрана на населението, за доставување лекјови, вакцини. Досега немавме проблеми, и таму каде се појавуваа, досега ги отстранувавме, верувам и понатаму нема да има застои и проблеми, рече министерот по увидот во работите на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп. 

извор: МИА
Next Post

Бочварски: Со анексот само се продолжува рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, нема дополнителни трошоци

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk