Заев во одговор на новинарско прашање за се позачестената употреба од страна на политичарите на кратенката за името на државата „Република С.Македонија“, вели да се користи уставното име Република Северна Македонија. Делумно ова прашање е преокупација на сите нас во секојдневните работи во коишто работиме. И прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С Македонија и тоа е прво понижување кон државата и Уставот на државата.
Ги надминавме проблемите, интензиво се гради експресниот пат Градско-Прилеп, истакна Министерот Бочварски. На екепресниот пат Градско-Прилеп досега се изградени по 35 отсто од двете делници Градско – Дреново и Дреново – Фариш, а патот во вредност од 64 милиона евра ќе биде готов до јули 2023.
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска соопшти дека е направен план за дигитализација со којшто ќе се овозможи речиси 200 судници низ државата да бидат опремени со соодветна опрема, која е донирана од повеќе странски субјекти, амбасадите на САД и Норвешка, ОБСЕ и ЕУ.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска ги посети Дневните центри за лица со попреченост и за деца со аутизам, во скопската населба Топанско Поле. Истакна дека Пописот ќе ни овозможи реална слика за потребата од отворање на нови Дневни центри за лица со попреченост.
Ми беше чест да и бидам домаќин на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзината делегација, овде во Неапол, истакна Адмиралот Бурк. Имавме многу продуктивни разговори и среќен сум што можев да и го возвратам гостопримството што ми беше укажано при мојата последна посета на Скопје во март 2021 година, истакна командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО, адмирал Роберт Бурк, по средбата со Шекеринска.
М. М.