ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Исклучен Дир Максо

September 3, 2021 09:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Не можам да ти опишам колкава жал ме фаќа кога фејсбуков и другите кокошарници на мртвата, но гласна јавност, ќе ме потсетат дека и ти стана жртва на една приватизирана, диктаторска и шверцерска партија. Жал ми паѓа за тебе, но и за сите нас, зашто, во суштина, “сите ние сме максими”.

„Но, нешто ме гребе по сивата маса, некакво влакно што расте кон внатре, како кај Хер Флик, со кого, слушам, ќе си го враќал старото име и ќе си виткал бурек со урда во Преспанскиот договор. Па, се надевам дека нема да ме разбереш погрешно ако натопен до гола кожа во тагата, те прашам: мораше ли да те избркаат од партијата за да ја разбереш нејзината диктаторска и шверцерска, мамапапаска природа?

Дали првите сомнежи ти се јавија кога сфати дека нема да те има на кандидатските листи? Зашто, гледај Максо, ќе бидам сосема отворен со тебе, имам впечаток дека сите партиски луѓе имаат потреба од дистанца за да разберат каде биле.

Како ние, обичниот свет кога моравме да се качуваме на Водно за да ги видиме смогот и маглата во која живеевме во капитолот.

Зошто е тоа така, Максо? Зошто не излезе од калта? Зошто дозволи да те исфрлат на суво? Верувам дека ти имаш објаснување во деликатната структура и супстанца на диктатурата, на крупните и поситни валери на здолништето под кои се крие нејзината смрдлива пичка, така ли е Максо?

И под кои ја криете и сопствената цигла во ѕидот на диктатурата. Нејзините плодови со кои се гостите додека сте внатре. Ако е така како што зборуваш. Сите партиски луѓе од сите партии се чуваат себе си како доказ за диктаторството, султанизмот, приватизираноста и шверцерството на една партија и како успиени агенти на студената војна чекаат да бидат разбудени со телефонски повик во кој ќе им се соопшти пасвордот за разбудувањето: Исклучен! Не, јас не ја бранам партијата, Максо, јас те напаѓам тебе. Ако така си го разбрал ова четиво, добро си ме разбрал.

Next Post

МОН: Само 0,01 процент активни случаи меѓу учениците и наставниците, доследно да се почитуваат мерките за заштита

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk